Дома Тенис Алкараз со спектакуларен пресврт го победи Синер за финале на Ролан Гарос

Алкараз со спектакуларен пресврт го победи Синер за финале на Ролан Гарос

Карлос Алкараз победи во полуфиналето на Ролан Гарос против Јаник Синер со 3:2 во натпревар кој важеше како „финале пред финалето“.

Првиот сет го доби Синер со 6:2 во гемови, но Шпанецот веднаш возврати со 6:3 и израмни.

Алкараз добро го започна третиот сет и му го одзеде сервисот на Синер, но одличниот Италијанец одговори со два брејка и на крајот го доби сетот со резултат 6:3 за водство од 2:1 во сетови.

Меѓутоа, Алкараз не се предаде и приреди спектакуларен пресврт и ги освои следните два сета со 6:4 и 6:3 за пласман во финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од бегалското детство до балканскиот врв: Патот на Марија Вуковиќ

Црногорската скокачка во височина ја заврши 2026 година со медали и личен рекорд, а зад не…