Дома Фудбал Алиоски за малку ќе бил повреден од соиграч пред мечот со Тотенхем!

Алиоски за малку ќе бил повреден од соиграч пред мечот со Тотенхем!

Во овие моменти Алиоски игра натпревар со својот Лидс против Тотенхем, но малку недостасувало Џани да не стартува денес.

Имено, на самиот почеток на натпреварот коментаторот на мечот истакна дека Алиоски можел да се повреди на загревањето пред натпреварот.

Џани добил незгоден удар од негов соиграч после што останал да лежи и да удира со раката по тревата и се изгледало дека се работи за сериозна повреда поради која нема да може да игра денес.

Сепак, нашиот репрезентативец го започна натпреварот од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…