Дома Фудбал Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Алиоски доби нов тренер – Биелса нов кормилар на Лидс

Искусниот аргентински стратег Марсело Биелса ќе биде нов тренер на Лидс, потврди денес англискиот клуб.

„Лудакот“ веќе подолго време се поврзуваше со кормилото на Лидс, а денес и официјално потпиша двегодишен договор со славниот англиски клуб.

Со оваа менаџерска смена Лидс и петта сезона во низа во Чемпионшип ќе стартува со нов менаџер, а Алиоски ќе има шанса да работи со врвен стратег.

Биелса своевремено беше селектор на Аргентина, потоа ја водеше и селекцијата на Чиле, а минатата сезона ја почна во Лил, каде доби отказ по недоразбирањето со управата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец споредуван со Варан, но Ленс има силен адут

Исмаело Ганиу е меѓу дефанзивните опции што ги разгледува Ливерпул. Младиот фудбалер има д…