Дома Македонски спорт Алиоски веќе одбил една понуда од Турција?

Алиоски веќе одбил една понуда од Турција?

Репрезентативецот на Македонија Езгјан Алиоски според информациите на турските медиуми веќе одбил една понуда од Турција и тоа од Трабзонспор.

Во последно време Алиоски се поврзува со трансфер во редовите на Галатасарај. Неговиот договор со Лидс завршува и засега нема најави за продолжиување. Трабзонспор се обидел да влезе во посериозни преговори затоа што не би требало да плаќа оштета, но Алиоски ја одбил нивната понуда.

Турскиот клуб на Алиоски му понудил плата од 1.1 милион евра по сезона меѓутоа Џани кажал „не“.

Ќе потсетиме пред два дена беше објавено дека Алиоски веќе сериозно преговара со Галатасарај и преговорите одат во добра насока, па можеби тоа е причината за одбивањето на понудата од Трабзон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ленгле се сели во Серија А

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталон…