Дома Фудбал Останато Але емотивно ја прими наградата за најдобар стрелец: Вакво нешто не посакувам никому…

Але емотивно ја прими наградата за најдобар стрелец: Вакво нешто не посакувам никому…

Иако се бори со ракот Себастијан Але вчера се појави на свеченото доделување на наградите за најдобрите во холандската лига.

Але ја прими наградата за најдобар голгтер во холандската Ередивизие. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска летово се пресели од Ајакс во Борусија Дортмунд, но во новиот клуб му беше откриен рак на тестите поради што сега е надвор од терените.

Откако му беше направена операцијата Але оди на хемотерапија и се чувствува добро, очекува наскоро повторно да биде на теренот.

„Не е воопшто лесно. Но се чувствувам одлично. Вакво нешто не посакувам никому да се случи. Не може секој да издржи ваков тежок момент. Јас сум опкружен со многу луѓе и како што ви кажав се е во ред“, изјави Але на церемонијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само 100 секунди и крај: Летна „левицата“, а тој падна како покосен – публиката во Париз занеме! (ВИДЕО)

Француското дерби на УФЦ спектаклот во Париз заврши со страшен нокаут веќе во првата рунда…