Дома Фудбал Италија Алесандро Матри се врати на фудбалот, има нов клуб!

Алесандро Матри се врати на фудбалот, има нов клуб!

Италијанскиот напаѓач Алесандро Матри кој четири години беше без клуб и изгледаше дека неговата кариера е завршена сега објави дека се враќа на терените.

Матри кој има 40 години последниот ангажман го имаше во Сасуоло во 2020 година, но се задржа кратко и таа соработка траеше само неколку месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега тој се враќа на терените како фудбалер на нисколигашот АСД Графињано кој се натпреварува во осмиот ранг на италијанскиот фудбал и беше основан пред 11 години.

Во својата кариера Матри одигра 344 натпревари во Серија А и постигна 92 гола. Освои три Скудета, два трофеи во Суперкупот и еден Куп на Италија. За репрезентацијата настапи на седум натпревари.

Милан, Лумецане, Римини, Каљари, Јувентус, Фиорентина, Џенова, Лацио, Сасуоло и Бреша се клубовите каде што настапуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета го брани најголемото летно засилување: Јасно ми е дека некои луѓе не го согледуваат тоа…

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по полуфиналниот дуел во Лига купот против Челси истакн…