Дома Фудбал Италија Алексис: Се чувствувам како лав во кафез

Алексис: Се чувствувам како лав во кафез

Интер синоќа во гости ја победи Парма со 2:1, а јунак на натпреварот беше Алексис Санчез.

Антонио Конте му даде шанса на Чилеанецот од првата минута која на најдобар можен начин ја искористи и со два гола му донесе три бода на Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Алексис се чини дека влегува во вистинска форма која ја чекаше уште од времето во Арсенал. После натпреварот не криеше дека се чувствува најдобро откако стигна во Интер од Манчестер Јунајтед.

„Фудбалерот кој има многу искуство тренерите му веруваат и поради тоа сум среќен. Секогаш сакам да играм и да бидам 100% подготвен.“ – рече Санчез и додаде:

„Се чувствувам како лав во кафез и што повеќе играм подобро се чувствувам. Тоа е така откако играм фудбал. Го сакам овој спорт за кој го давам својот максимум и навистина уживам кога сум на теренот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Челси имаше амбиција да го привлече Јилдиз, но удри на ѕид во Торино. Клубот од Лондон беш…