Дома Трансфер зона Алегри потпишува нов договор со Јувентус!

Алегри потпишува нов договор со Јувентус!

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Макс Алегри, ќе го обнови договорот со клубот во јуни, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот „Ла Стампа“, кој е во сопственост на фамилијата Ањели, пишува дека новиот договор на стратегот ќе биде до 2020 година.

На овој начин „бјанконерите” ќе им стават крај на шпекулациите дека Алегри ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, за да застане на чело на Барселона или Арсенал.

Алегри е на пат да го изведе Јуве до историски трет дубл во Италија. Во моментов „бјанконерите“ се лидери во Серија А со 6 поени предност пред Рома и се во финалето во Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…