Дома Фудбал Алегри за состојбата на Роналдо: Се наоѓа во деликатен момент, но тој има „голем грб“

Алегри за состојбата на Роналдо: Се наоѓа во деликатен момент, но тој има „голем грб“

Според зборовите на тренерот на Јувентус обвинувањата за силување, не влијаат на Кристиано Роналдо.

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри денес изјави дека Кристиано Роналдо е спремен да се да игра против Удинезе и покрај обвинувањата за силување од Кетрин Мајорга.

„Роналдо е добро и спремен е да се врати во акција…Се наоѓа во деликатен момент, но тој има „голем грб“. Гледам дека на тренинзите е целосно мирен“, изјави Алегри.

Јувентус во сабота го игра натпреварот од осмото коло во Серија А против тимот на Удинезе, досега „бјанконерите“ имат максимален учинок.

Треба да се истакне дека поради обвинувањата кон Роналдо утрово Јувентус претрпе пад на акциите на берзата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома со долга листа отсутни: Без Манчини и првите двајца голмани против Сасуоло

Ману Коне се враќа во составот, но Рома ќе го пречека Сасуоло без неколку важни фудбалери,…