Италијанскиот клуб Наполи денес го објави заминувањето на шпанскиот интернационалец Раул Албиол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освојувачот на титулата светски шампион со репрезентацијата на Шпанија, во идната сезона ќе го носи дресот на Виљареал.
Триесет и тригодишниот Раул Албиол беше во Неапол од 2013 година. Минатата сезона одигра 26 натпревари и постигна еден гол.
Наполи веќе го договори трансферот на Костас Манолас од Рома, кој треба да биде замена токму за Албиол во тимот на Анчелоти.
Grazie @R_Albiol!
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/lsr8zp5FqD
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) July 4, 2019