Фудбалерот на Барса и шпански репрезентативец Жорди Алба го повика својот сонародник Иско, кој настапува за Реал Мадрид да му се придружи на „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Секој добар фудбалер е добредојден во Барселона. Имам голема почит пема Иско, заедно игравме во Валенсија и знам дека има огромен квалитет. Само времето ќе покаже дали неговиот трансфер во Барса ќе се реализира“, изјави Алба.
Доколку се реализира овој трансфер, Иско ќе биде првиот фудбалер после 21 година кој од Реал Мадри се преселил во Барселона. Последен кој го направи тоа е Луис Енрике во 1996 година.
24-годишниот Шпанец има договор со Реал Мадрид до 2018 година и јасно стави до знаење дека нема да го продолжи истиот, а покрај Барса за него интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Јувентус.