Дома Фудбал Ако Русија ја нападне Украина УЕФА ќе одреди нов домаќин за финалето во ЛШ?

Ако Русија ја нападне Украина УЕФА ќе одреди нов домаќин за финалето во ЛШ?

Во јавноста се погласни се најавите дека Русија многу брзо ќе ја нападне Украина, а оваа ситуација има врска и со Лигата на шампионите.

Англиските медиуми денес објавија дека ако навистина Русија ја нападне Украина тогаш УЕФА ќе го одземе домаќинството на Санкт Петерзбург во Лигата на шампионите. Завршниот меч во најелитното европско клупско натпреварување треба да се игра на „Гаспром Арената“, но тоа може да се промени.

Сепак треба да се напомене дека засега се е само најава од медиумите, УЕФА ништо официјално не потврдила. Финалето во Лигата на шампионите е закажано за на 28. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓорѓиевски чека деби за Македонија: Време е за излез од кризата

Марио Ѓорѓиевски се надева на прв настап во репрезентативниот дрес и верува дека Македониј…