Дома Топ вести Ако Нејмар толку сака во Барселона зошто молчи?

Ако Нејмар толку сака во Барселона зошто молчи?

0

Зошто Нејмар се уште молчи?

Нејмар повторно го одби повикот јавно да каже дека сака само во Барселона. Некои играчи на Барселона како Пике јавно му порачаа да каже што сака, а наводно и Меси испратил таква порака. Меѓутоа Нејмар индиректно покажува, но засега не го потврдил тоа со изјава пред медиумите.

Зошто молчи?

Француските медиуми пишуваат дека Нејмар смета и дека веќе премногу направил.

Каталонците се спремни да го уфрлат Дембеле во договорот, но Французинот категорично одбива да се врати во татковината. Повторно е повреден, па ПСЖ и не е премногу заинтересиран за договор кој го вклучува Дембеле.

Ќе видиме што ќе биде за викендот кога ПСЖ ќе игра против Тулуз и ако Нејмар се најде во тимот полека ќе станува јасно дека преговорите за враќање на Нејмар во Барселона не одат во добра насока.

Нејмар веројатно не сака да влегува во уште поголем конфликт со ПСЖ затоа што тоа може да влијае на неговите спонзори кои го прават поголемиот дел од неговиот приход и тоа можеби е една од причините зошто јавно не зборува.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус запиша три бода против Верона, Рамзи погоди на дебито

Јувентус и Верона денес го одиграа својот натпревар од четвртото коло во италијанската Сер…