Дома Фудбал Италија Ако Конте остане на својот став Икарди ќе се послужи со потегот на Пандев?

Ако Конте остане на својот став Икарди ќе се послужи со потегот на Пандев?

Икарди би можел да се послужи со потегот на Горан Пандев…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Република“ денес пишува дека ако на Икарди не му биде дозволено да тренира со екипата ќе се обрати да судот. Него Конте веќе му соопшти дека не е во плановите за наредната сезона, меѓутоа тој и понатаму ги одбива сите понуди и медиумите во Италија тврдат дека ја чека понудата на Јувентус.

Меѓутоа „старата дама“ засега изгледа нема намера да го менува со Дибала.

Споменатата „Република“ пишува дека Икарди веќе разговарал со адвокати и ако ситуацијата не се промени ќе ги предаде работите на судот и ќе го тужи Интер поради мобинг за потоа да добие раскинување на договорот.

Ваков случај во Италија имаше со нашиот Горан Пандев кој на крајот излезе и како победник од целата ситуација. Пандев тогаш го доби Лацио на суд и како слободен играч се пресели во Интер.

Икарди има договор до 2021 година и под неразјаснети околности остана без капитенската лента, се шпекулира за проблеми во соблекувалната и дека соиграчите не го сакаат.

Што ќе биде од се останува да видиме, клубот за него бара 70 милиони евра, додека Јувентус наводно нуди 45 или замена за Игуаин што веднаш било одбиено.

Во овој момент Икарди и неговата сопруга и менаџер Ванда се на одмор и се враќаат на статот на јули и тогаш работите ќе станат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …