Дома Фудбал Ако кај Анчелоти е непотребен смет, за клубот од Пиринеите е „кец на десетка“

Ако кај Анчелоти е непотребен смет, за клубот од Пиринеите е „кец на десетка“

Карло Анчелоти од стартот на сезоната го искритализира првиот тим и тешко може да дојде до промена освен во непредвидени околности.

Една од „жртвите“ на ваквиот начин на работа на Италијанецот е и Амада Дијавара.

Играчот за врска од Гвинеја повеќе не е во прв план на „Сан Паоло“, има 21 година и потребни му се минути кои ги добиваше од стартот на сезоната, но сега се се помалку во дресот на Наполи.

На негово место игра новопечениот репрезентативец на Бразил, Алан, што ќе признаете е силна конкуренција, а таквата ситуација сака да ја искористи Валенсија.

Засега не е познато дали Валнесија сака да го доведе Дијавара на позајмица или да го откупат неговиот договор, но преговорите со Наполи веќе стартуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно гледа кон Тотенхем: Удоџи е опција за јануари

Дестини Удоџи е меѓу решенијата за левата бековска позиција во Јувентус, а евентуален тран…