Дома Фудбал Азар: Среќем сум без фудбал, не можев повеќе да издржам

Азар: Среќем сум без фудбал, не можев повеќе да издржам

Еден Азар за прв пат проговори откако одлучи да стави крај на професионалната фудбалска кариера.

Откако му заврши договорот со Реал Мадрид, 32-годишниот Белгиец одлучи да стави крај на кариерата, иако за многумина тоа беше изненадувачка одлука.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Азар во последните години имаше големи проблеми со повреди и пропушташе поголем дел од сезоната.

„Имам само 32 години, но рано почнав да играм фудбал. Го напуштив домот на 14-годишна возраст и постигнав се што сакам. Моето тело повеќе не можеше да го издржи тој ритам. Имав некои повреди на крајот, па затоа ја донесов таа одлука. И среќен сум што донесов таква одлука“, изјави Азар.

Во текот на својата професионална кариера одигра 622 натпревари и постигна 167 голови. Најдобрите сезони ги одигра во Челзи од каде направи трансфер во Реал Мадрид за 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германски клуб ја откажа турнејата во САД поради Трамп

Германскиот прволигаш Вердер Бремен ја откажа планираната летна турнеја низ Соединетите Ам…