Дома Топ вести Азар се договорил со Реал Мадрид – пет години, 16.5 милиони евра по сезона?

Азар се договорил со Реал Мадрид – пет години, 16.5 милиони евра по сезона?

1

Eден Азар веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид и според голем дел од фудбалската јавност овој трансфер ќе се реализира.

Утрово од Англија и Шпанија пристигнуваат нови вести на оваа тема – Азар постигнал договор со Реал Мадрид!

Англиски „Сан“ утрово повикувајќи се на шпански „ОК Диарио“ објави дека 28 годинишниот Белгиец се согласил да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид.

Договорот на Азар со Реал Мадрид истекува на крајот на следната сезона и Азар неколку пати претходно ги одбиваше понудите на „сините“ за нов договор. Позната е желбата на Азар да соработува со неговиот идол од детството Зинедин Зидан, а се пишува дека токму после директниот разговор со Зидан Азар кажал „да“ на понудата од „кралевите“.


Следете го Sportski.mk и на


Челзи има проблем и поради забраната за купување на нови играчи не ќе може да доведе негова замена. Сепак, кога е фудбалер како Азар во прашање мораат да мислат и на потенцијалната заработка од неговиот трансфер која сигурно нема да биде мала.

„Сините“ и покрај тоа што договорот на Азар истекува следната сезона би можеле да заработат бараме 90 милиони евра. Во спротивно доколку се одлучат да ризикуваат и го задржат Азар би можеле да се случи да го изгубат после наредната сезона и тоа без оштета.

Според информациите за договор на пет години Азар во Реал ќе добие плата од 16.5 милиони евра по сезона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oдредени точните датуми за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите

Вчера се доби разврската од четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Ајакс прир…