Дома Фудбал Англија Азар прво сака да ја освои Лига Европа со Челзи, после ќе мисли за Реал

Азар прво сака да ја освои Лига Европа со Челзи, после ќе мисли за Реал

Големата ѕвезда на Челзи, Един Азар изјави дека во моментов е сконцентриран само на Челзи и сака да ја освои Лига Европа, а потоа ќе мисли за својата иднина.

Белгиецот е примарна трансфер цел на Реал Мадрид и веќе на големо се шпекулира дека следната сезона ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Азар одбива да го продолжи договорот со Челзи, а во неколку наврати јавно призна дека сака да соработува со неговиопт идол, Зинедин Зидан.

„Во моментов не мислам на трансфер. Сакам да игра добро со дресот на Челзи до крајот на сезоната и да се обидеме да ја освоиме Лига Европа. Оваа недела пак мислам само на репрезентацијата. Потоа ќе мислам само на Челзи, а по завршувањето на сезоната ќе мислам на мојата иднина“, изјави Азар.

„Следните два месеци се исклучително важни за клубот. Треба да ја освоиме Лига Европа или да завршиме во Топ 4, за да може Челзи следната година да игра во Лигата на шампиони“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …