Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Азар негира расправии во соблекувалната

Азар негира расправии во соблекувалната

Капитенот на белгиската репезентација, Еден Азар ги демантираше тврдењата дека имало голема расправија во соблекувалната и за малку не дошло до физичка пресметка.

„Ништо големо не се случи по Мароко. Имавме добар разговор каде што кажавме секакви работи. Сега сакаме да ја победиме Хрватска. Имаме два дена да се подготвиме. Рековме дека мора да играме подобро. Има големи очекувања, но не ги исполнивме. Ќе се обидеме да го покажеме тоа на следниот меч“, изјави Азар.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Не, не се расправав со Вертонген во соблекувалната по Мароко. Никогаш не би се судрил со него бидејќи е многу повисок од мене. Реков само дека нашите дефанзивци се премногу бавни, а тој се согласи со тоа“, додаде Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…