Дома Трансфер зона Азар конечно прокоментира за шпекулациите во врска со трансферот во Реал Мадрид

Азар конечно прокоментира за шпекулациите во врска со трансферот во Реал Мадрид

Белгискиот фудбалер, Еден Азар за странските медиуми изјави дека би размислил за понудата на Реал Мадрид, доколку таа пристигне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ синоќа ја освоија 12 титула шампион на Европа и сигурно дека е најатрактивниот клуб за секој играч, а Азар изјави дека би размислил за неговата понуда.

„Се разбира, би размислил за понудата на Реал доколку таа пристигне. Јас сакам да освојувам трофеи. Би било одлично доколку еден ден ја освоиме ЛШ. Сепак, и целта на Челзи е да ја освои ЛШ. Искрено, не знам што ќе се случи. Единствено што знам е тоа што се уште имам договор со Челзи и тоа на уште три години. Освен тоа, имавме одлична мината сезона и сакам да продолжам со одличните игри. Се чувствувам многу убаво во Челзи, но никогаш не знаете што може да се случи“, изјави Азар.

Потсетуваме, Белгијанецот минатата сезона одигра 36 натпревари во Премиер лигата и постигна 16 гола и запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…