Дома Трансфер зона Азар: Го прашав Модриќ дали ќе ми ја даде десетката

Азар: Го прашав Модриќ дали ќе ми ја даде десетката

0
hazard

Eден Азар вчера беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“ како нов играч на Реал Мадрид, но на неговиот дрес немаше број.

Белгиецот навикнати сме да го гледаме во дресот со број десет, но во Реал „десетката“ е веќе зафатена бидејќи неколку години наназад ја носи Лука Модриќ.

Едно од прашањата на претставувањето беше поврзано за тоа кој број ќе го носи Азар во белиот дрес, а новиот играч на „кралевите“ се пошегува и кажа дека Модриќ нема да му го даде неговиот број.

„Го прашав Лука на шегап реку Матео Ковачиќ дали ќе ми го даде дресот со број десет, но ми одговори дека ќе морам да си најдам некој друг број“, се пошегува Азар.

Потоа тој порача дека бројот на дресот е нешто што е најмалку важно.

„Всушност, бројот на дресот е најмалку важен, она што е важно за мене е што сум тука. Се надевам ќе ги оправдам очекувањата и средствата вложени во мене“, изјави белгискиот фудбалер.

Реал Мадрид за Азар плати 100 милиони евра, а таа сума со се бонусите би можела да се зголеми и до 115 милиони евра.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пред ангажман на јапонски репрезентативец

Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда. Да…