Дома Фудбал „Азар во Реал може да ја освои Златната топка“

„Азар во Реал може да ја освои Златната топка“

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез е убеден дека Еден Азар може да ја освои Златната топка како играч на Реал Мадрид.

Азар во редовите на „кралевите“ пристигна минатото лето, но во својата прва сезона се мачеше со повреди, одигра само 15 натпревари, а поради скршеница надвор од терените е од февруари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, селекторот на Белгија е убеден дека 29 годишниот играч го чекаат успеси.

„Еден може да ја освои Златната тпка додека е во Реал Мадрид и во тоа не се сомневам“; изјави Мартинез.

„Некогаш е тешко кога ќе го промените клубот, потребно е време да сфатите дека играте за Реал Мадрид. Навивачите можат да бидат сигурни дека Азар ќе им донесе радост“, додаде  селекторот на Белгија.

Играчите на Реал минатата недела се вратија на тренинзите после паузата која беше предизвикана поради пандемијата со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…