Дома Трансфер зона Азар би можел да се врати во Премиер лигата на позајмица?

Азар би можел да се врати во Премиер лигата на позајмица?

Eден Азар долго време се мачеше со повредите, но и сега кога е здрав не добива место во стартниот тим на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор игра во одлична форма и добивап редност кај Анчелоти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Никако не успева Азар да ја пронајде формата со која го носеше дресот на Челзи во Премиер лигата и да оправда барем дел од оние 115 милиони евра кои Реал ги плати за да го доведе.

На Островот се пишува дека Азар би можел да се врати во Премиер лигата. Сериозен интерес за него наводно покажал Њукасл кој неодамна доби богати сопственици. Меѓутоа тие сакаат да го доведат на позајмица со тоа што би ја преземале платата од Реал додека тој игра на „Сент Џејмс Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…