Дома Фудбал Англија Азар: Би било одлично да се простам од Челзи со титула!

Азар: Би било одлично да се простам од Челзи со титула!

Еден Азар изјави дека победата на Арсенал во финалето од Лига Европа би било прекрасен крај на неговата кариера во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот репрезентативец има договор со „сините“ на уште една година, но ова лето готово сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ и ќе се пресели во Реал Мадрид.

„Би било прекрасно да ја завршам мојата авантура во Челзи со овој трофеј. Ако ова е мојот последен меч за клубот, се надевам дека ќе завршам со трофејот во рацете“, изјави Азар.

„Утре играме финале, за мене, за клубот и навивачите тоа е многу важно. Кога играш финале едноставно сакаш да победиш, сакаш да го подигнеш трофејот и потоа да прославиш“, додаде Белгиецот.

„Во овој момент не можам да коментирам ништо конкрентно за мојата иднина. Се завиди од клубот. Јас мислам само на фудбал и сметам дека играв одлично оваа сезона. Ќе видиме што ќе се случи после финалето“, додаде Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…