Дома Македонски спорт Мак ракомет АЕК падна во Битола, Е.Пелистер слави европска пролет!

АЕК падна во Битола, Е.Пелистер слави европска пролет!

Еурофарм Пелистер го обезбеди пласманот во осминафиналето во Европската лига каде што ќе игра против Нексе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар и го декласираше грчкиот тим со 30:19. Со овој триумф Е.Пелистер ја заврши групата со пет победи, две ремија и три порази што беше доволно за второто место на табелата.

Атмосферата во преполната сала „Боро Чурлевски“ беше фантастична, а еден од најзаслужните беше голманот Мартон Секељ кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, одбрани и седум седмерци. Мандалиниќ беше прв стрелец со седум гола, Табоада постигна шест, а Божиќ Павлетиќ шест.

Победникот на натпреварот беше решен после 12 минути игра во второто полувреме кога домаќините направија серија од 7:0 и поведоа со 17:10.

Од тој момент грчкиот претставник немаше сили да се врати во игра, па Е.Пелистер ја обезбеди победата.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…