Дома Фудбал Адриано: Не се дрогирам, но пијам алкохол секој ден

Адриано: Не се дрогирам, но пијам алкохол секој ден

Легендарниот бразилски фудбалер, Адриано денеска живее во една фавела во Рио Де Женеиро, далеку од стилот на голема ѕвезда.

Адриано се опиша себе како „најголемото фудбалско промашување“ и призна дека секој ден пие алкохол.

„Сакам да разјаснам некои работи. Не користам дрога како што некој сака да покаже, не сум криминалец, иако лесно можев да станам. Не сакам да завршувам во клубови, секогаш ќе ме најдете на исто место во мојата фавела, во киоскот на Нана. Ако сакате да се сретнете со мене, застанете таму. Останатото што се збори за мене е вистина. Пијам секој втор ден, а и сите останати денови од неделата“.

„Како завршив вака? Не сакам да давам објаснувања на другите, но сепак имам едно. Пијам бидејќи не е лесно да се биде талент кој не се остварил во целост. Јас сум најголемото фудбалско промашување“, истакна Адриано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…