Дома Фудбал Лига на шампиони Агуеро: Ќе бидам многу среќен ако ја освоиме ЛШ

Агуеро: Ќе бидам многу среќен ако ја освоиме ЛШ

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро зборуваше за шансите на неговиот Манчестер Сити да ја освои ЛШ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Агуеро верува дека Сити може да ја освои Лигата на шампионите, но прво мора да го мине Реал Мадрид во осминафиналето.

“Мислам дека неуспесите во изминатите неколку години станаа лекција за нас. Мора да се сетиме дека тој Манчестер Сити не учествуваше на овој турнир до 2011 година, а сега нашиот тим е еден од фаворитите за трофеи. Секоја година добиваме поголемо искуство и учиме повеќе.” – изјави Агуеро и додаде:

„Секако, би бил многу среќен ако ја освоиме Лигата на шампионите оваа сезона. Се надевам дека мојот сон ќе се оствари, но има многу тежок пат пред нас“.

Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити се игра денеска со почеток во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…