Дома Трансфер зона Агуеро ја откри својата иднина: Се враќа во Индепендиенте!

Агуеро ја откри својата иднина: Се враќа во Индепендиенте!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро откри дека во 2020 година ќе се врати во Аргентина, во дресот на Индепендиенте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


29-годишниот Агуеро сака до крај да го одработи договорот со „граѓаните“ до 2020 година, а потоа да се врати во матичниот клуб, каде сака да ја заврши кариерата.

„Имам договор со Манчестер Сити до 2020 година. Кога ќе го одработам планирам да се вратам дома, во Индепендиенте“, откри Агуеро.

Аргентинецот помина девет години во Индепендиенте пред да се пресели во Европа и никогаш не криел дека таму сака да ја заврши кариерата.

Агуеро веќе седум сезони е на „Етихад“ и стекна легендарен статус во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…