Напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро има желба да се врати во редовите на Атлетико Мадрид, пренесува денешното издание на „АС“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинската ѕвезда имал состанок со раководството на „јорганџиите“ и им соопштил дека со задоволство би се вратил во Мадрид.
Агуеро го напушти „Винсенте Калдерон“ во 2011 година, па многу голем дел од навивачите го „пречкртаа“ поради начинот на кој замина од клубот.
Агуеро не е во најдобри односи со тренерот Пеп Гвардиола, а во исто време Симеоне бара напаѓач бидејќи Гризман е пред трансфер во Барселона, а и Кевин Гамеиро готово сигурно ќе го напушти клубот.
Неговиот евентуален трансфер во Атлетико Мадрид го прокоментира и неговиот тренер Пеп Гвардиола.
„Очекувам да не се случи тој трансфер. Мојата желба е да не се случи, но не сум сигурен. Серхио ќе остане до кога што сака во Манчестер Сити“, изјави Пеп.