Дома Трансфер зона Агуеро на 1. јули станува играч на Барселона, познати и деталите од договорот

Агуеро на 1. јули станува играч на Барселона, познати и деталите од договорот

Изгледа дека се поблиску сме до моментот кога ќе биде потврден трансферот на Кун Агуеро во редовите на Барселона.

Весникот „Спорт“ кој важи за близок на Каталонците пренесува дека агентот на фудбалерот и директорите на Барселона постигнале договор за преселба на Аргентинецот на „Камп Ноу“. Агуеро нов играч на Барселона би требало да стане на 1. јули.

Споменатиот медиум објави детали, тие тврдат дека се работи за двегодишна соработка, а Кун ќе прифати помала плата од онаа што ја заработува во Манчестер Сити.

Се наведува дека Агуеро во предвид ги имал своите години, но и сакал да игра заедно со неговиот добар пријател Лионел Меси, па затоа прифатил намалување на заработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити нова опција за Влаховиќ: Пеп го сака уште во јануари!

Meдиумите на Островот пишуваат дека Пеп Гвардиола е воодушевен од квалитетите и потенцијал…