Дома Трансфер зона Агуеро може да се врати? Познато и во кој клуб!

Агуеро може да се врати? Познато и во кој клуб!

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро би можел да се врати од пензија во наредниот период, откри на неговиот „стрим“ на мрежата „Твич“.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити во 2021 година беше приунден да ја заврши кариерата поради срцеви проблеми кои првпат му се појавија во лигашки натпревар за Барселона и тоа откако само што пристигна во клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од тогаш Агуеро започна „стримерска“ кариера на „Твич“ каде што е редовен и има голема популарност. Во еден од преносите Агуеро најави дека би можел да се врати, па дури и повика кардиолог.

„Луѓето ме прашуваат и не знам, што имаш ти да кажеш? Дали сум спремен за 20-тина минути акција, можеби 10?“, го запраша Аргентинецот својот кардиолог, а тој му одговори.

„Нема да имаш никакви проблеми ако играш толку време, но мора внимателно да се постапи. Да трчаш како да е натпревар, како кога си под притисок на противнички играч…Мораме добро се да испитаме и да се припремиш. Затоа би ти порачал: Спремај се, има надеж! Можеби ќе можеш да играш на високо ниво пократок период“.

Агуеро секако беше задоволен од одговорот, па откри и во кој клуб би можел да се врати.

„Ако Карлитос (Тевез – тренер на Индепендиенте) ме повика, што очекувате да направам?“ ги запраша Кун своите гледачи.

Исто така тој откри дека по Барселона имал план да заигра за Индепендиенте барем половина или цела сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукаку спремен да каже ДА на понудата од Саудиска Арабија

Ромелу Лукаку оваа сезона игра во Рома како позајмен фудбалер од Челзи, но неговата иднина…