Дома Фудбал Останато Агуеро веќе мисли да му се врати на фудбалот

Агуеро веќе мисли да му се врати на фудбалот

Легендарниот напаѓач, Серхио Агуеро призна дека ја разгледува можноста да ја обнови фудбалската кариера.

Агуеро во декември го раскина договорот со Барселона и стави крај на кариерата поради срцеви проблеми.

„Лекарите ми препорачаа 5-6 месеци да немам никакви активности, но сега почнав да размислувам да се вратам на терените и да се вратам на тренинзи“, изјави Агуеро.

Аугеро се пензионираше како еден од најдобрите напаѓачи во светот со преку 400 постигнати голови и 21 освоен трофеј, од кои пет титули во англиската Премиер лига и Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Патрис Евра воодушевен од Алонсо: „За мене, тој е одличен тренер“

Патрис Евра има големи очекувања од Чаби Алонсо и верува дека шпанскиот стратег може да им…