Дома Фудбал Агентот: Шпекулациите за иднината на Ериксен се логични

Агентот: Шпекулациите за иднината на Ериксен се логични

Кристиан Ериксен после долгата пауза поради срцевите проблеми се врати на терените и потпиша договор со Брентфорд до крајот на сезоната.

Ериксен покажа дека е во одлична форма, а неговите квалитети никогаш не биле под знак прашалник.

Данецот игра фантастично во Премиер лигата, се врати во данската репрезентација, но неговиот договор со Брентфорд завршува на крајот на сезоната.

Поради тоа се појавија многу шпекулации за интерес од неколку европски гиганти за неговиот потпис, а сега се огласи и неговиот агент.

„Јасно е дека Кристина остави добри впечатоци во моментов како со Данска така и со Брентфорд. Поради тоа шпекулациите за неговата иднина се логични. Тој сега е сконцентриран на настапите со Брентфорд, а на лето ќе донесе одлука“, изјави агентот Шутс.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем, Арсенал и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два автогола за три минути: Интер со 0-2 славеше кај Венеција!

Венеција сама си пресуди со автоголови во 79. и 82. минута, а Интер стигна до осмата побед…