Дома Трансфер зона Агентот пристигна во Минхен – Баерн донесе ново засилување!

Агентот пристигна во Минхен – Баерн донесе ново засилување!

Баерн Минхен успешно ги заврши преговорите за новото засливање, Лео Горетска од Шлаке, пренесуваат германските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Утринава во Минхен пристигна агентот на Горетска, Јорг Нојбауер за да ги договори последните детали од трансферот во Баерн.

22-годишниот Горетска е еден од најдобрите поединци на тимот од Гелзенкирхен и веќе е дел од гермнаската репрезентација. Тој е дел од составот на Јоаким Лев кој ќе настапува на престојниот Куп наконфедерации во Русија.

Офанзивниот играч за врска од 2013 година е во Шалке, кога пристигна од Бохум, а во следните пет години ќе игра за германскиот шампион.

Ова е веќе трето засилување за Баерн Минхен за наредната сезона, после Никлас Шуле и Себастиан Руди од Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…