Дома Трансфер зона Агентот потврди: Интер и Милан го сакаат Бираги!

Агентот потврди: Интер и Милан го сакаат Бираги!

0

Левиот бек на Фиорентина и италијански репрезентативец Кристиано Бираги со своите одлични партии го привлече вниманието на миланските гиганти Интер и Милан.

Бираги е производ на академијата на Интер кој сега покажува сериозен интерес да го врати во своите редови. „Нероазѕурите“ спремаат понуда во зимскиот преоден рок, но агентот потврди дека интерес за играчот покажува и Милан.

„Бираги беше млад и не беше спремен кога беше дел од Интер. Тој е фан на „нероаѕурите“ и од клубот имаат голем респект кон него. Интерес за играчот покажува и Милан. Пред извесно време добив повик од „росонерите“. Во моментов е сконцентриран целосно на Фиорентина, но не исклучувам трансфер во Милано“, изјави агентот на Бираги.

Бираги пред два дена го постигна победоносниот гол за Италија на гостувањето во Полска.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

УЕФА му направи проблем на Милан: Игуаин нема да биде откупен – може да заврши во Премиер лигата!

Oткупот на Гонзало Игуаин од страна на Милан изгледаше како формалност минатото лето кога …