Марио Пашалиќ е фудбалер на Челзи кој игра на позајмица во Милан, а неговиот агент потврди дека Хрватот сака да остане на „Сан Сиро“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
21-годишниот Пашалиќ игра одлично во дресот на Милан оваа сезона, што колуминираше со одлучувачкиот пенал со кој му донесе трофеј во Суперкупот на „росонерите“.
Неговиот агент тврди дека играчот е „заљубен“ во Милан, ужива во градот и сака долгорочно да остане на „Сан Сиро“.
„Марио е многу горд што има можност да игра за голем клуб како Милан. Тој е заљубен во клубот и сака да остане, но тоа зависи од многу фактори, пред се од Челзи. Млад е и има многу место за напредок. Двата клуба ќе разговараат на крајот на сезоната па ќе видиме што ќе се случи“, истакна агентот на Пашалиќ.
Пашалиќ одлично се снајде во младиот тим на Милан, а на Апенините веќе го нарекуваат „новиот Модриќ“.