Дома Фудбал Агентот на Милинковиќ-Савиќ проговори за трансферот

Агентот на Милинковиќ-Савиќ проговори за трансферот

Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е главна тема на Апенините бидејќи игра уште една одлична сезона.

Медиумите тврдат дека Јувентус спремил богата понуда и сака да го доведе во јануари, а интерес покажуваат и други европски гиганти.

Меѓутоа, претседателот на Лацио за неговата слобода бара 120 милиони евра.

„Милинковиќ-Савиќ има само 18 месеци од договорот и како што реков по СП ќе биде време да разговараме прво со претседателот, а потоа со сите останати. Во сите овие години Сергеј и јас ги почитувавме Лацио и претседателот Лотито. Морам да мислам прво на интересот на играчот, а потоа и на интересот на клубот“, порача агентот на Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детурбе со гол и асистенција: Монако го совлада Нордсјеланд со 2-0

Монако славеше во Конференциската лига со головите на Детурбе и резервистот Аблин, кој го …