Дома Фудбал Агентот на Дембеле: Барселона врши притисок, ќе ја тужиме!

Агентот на Дембеле: Барселона врши притисок, ќе ја тужиме!

Агентот на Осман Дембеле, Муса Сисоко повторно го изрази незадоволството од односот на Барселона кон неговиот клиент.

Двете страни не можат да се договорот за продолжување на соработката, а агентот ја обвинува Барселона дека му врши притисок на играчот и најави тужба.

„Можам да потврдам дека управата на Барселона на овој начин го губи Дембеле. Знаеме кои се нашите барања, но од самиот почеток бевме отворени за преговори, да не ги затвориме вратите на Барселона. Сепак, тие одбиваат да преговараат, а ни се закануваат дека Дембеле ќе го помине остатокот од сезоната на трибините доколку не го продолжи договорот. Во тој случај ќе ја тужиме Барселона. Ќе се борам за мојот клиент до крај“, изјави Сисоко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…