Mенаџерот на Дони Ван Де Бек, играчот за врска на Манчестер Јунајтед призна дека враќањето на Кристиано Роналдо не е добро за минутажата на неговиот клиент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо во спектакуларен трансфер се врати во Јунајтед откако претходните 12 години ги помина во Реал Мадрид и Јувентус. Иако во клубот владее големо воодушевување поради враќањето на Португалецот менаџерот на Холанѓанецот не е среќен.
„Доаѓањето на Кристиано се лоши вести за нас. Погба игра лево и со доаѓањето на Роналдо добиваме уште еден играч во средниот ред затоа што Погба веројатно ќе се повлече на левата страна. Разговаравме со Солскјер и управата. Сакавме да пронајдеме нов клуб, го избравме Евертон. Ноќта пред последниот ден од преодниот рок добивме повик од Солскјер кој ни кажа дека од трансферот нема да има ништо и дека играчот мора да се појави на тренингот следното утро“, изјави Гудо Алберс.
Сепак, Алберс верува дека Ван Де Бек ќе добие шанса да го покаже својот квалитет.