Дома Топ вести Абрамовиќ повторно ќе купува на „Емирати“: По Жиру го „краде“ еден од најважните фудбалери на Арсенал

Абрамовиќ повторно ќе купува на „Емирати“: По Жиру го „краде“ еден од најважните фудбалери на Арсенал

27-годишниот Велшанец би можел на крајот на сезоната да го напушти Арсенал и да се пресели во редовите на лутиот ривал, и тоа во екипата на Челзи.

Според пишувањето на „Mirror“, Челзи планира на крајот од сезоната да го доведе одличниот играч за врска, кој оваа сезона е еден од најдобрите во тимот на Арсенал. Станува збор за Рамзи, чиј договор е во завршна фаза, а и самиот изјави дека нема никаков напредок околу потпишувањето на новиот договор, што секако го привлече вниманието на „Сините“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал вложи многу во развојот на Рамзи и нема сомнеж дека би било голема штета доколку го напушти клубот во кој е од мали нозе, а оваа сезона игра одлично. Рамзи има многу проблеми со повредите. Во моментов изгледа дека се враќа на добриот пат, тоа го потврди хет-трикот против Евертон во февруари, но и одличните игри во двата натпревари против Милан во Лигата на Европа.

Челзи веќе купуваше од Арсенал оваа зима, го купија напаѓачот Жиру. Челзи нема никакви шанси да ја освои титулата во Англија, а испаднаа и од Лигата на Шампионите. Токму поради тоа се очекува голема реконструкција и нема сомнеж дека Роман Абрамовиќ ќе вложи многу за да добие одлична екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус почна преговори со Жоржињо

Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жор…