Дома Фудбал Англија Абрамович со едно барање до Тухел: Челзи веднаш да се врати во битка за титулата

Абрамович со едно барање до Тухел: Челзи веднаш да се врати во битка за титулата

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович верува дека се уште има доволно време „сините“ да се вратат во битката за титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Тоа било и едно од првите барања на Томас Тухел, кој се очекува наскоро и официјално да биде именуван за нов тренер на Челзи и да потпише договор на 18 месеци.

Во моментов Челзи се наоѓа на 9-то место со цели 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, Абрамович е убеден дека тимот има доволно квалитет да се врати во трката за титулата бидејќи сезоната е на половина.

Бордот на директори исто така смета дека Челзи мора да ја подобри позицијата на табелата, но главна цел е пасман во Топ 4 и учество во Лигата на шампиони.

Лампард неодамна доби отказ после серијата на лоши резултати. Челзи минатата сезона заврши на 4-то место, а во летото потроши 200 милиони евра за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот им припадна…