Дома Трансфер зона Венгер прави тим за титула – испрати понуда за ѕвездата на Монако!

Венгер прави тим за титула – испрати понуда за ѕвездата на Монако!

Арсен Венгер конечно одлучи во овој преоден рок да потроши значителна сума пари за нови засилувања и да направи тим кој ќе тргне во поход кон титулата.

Откако пред два дена и официјално го претставија првото големо засилување, Александре Лаказет до Лион, денес „топџиите“ испратија нова понуда за ѕвездата на Монако.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот „Екип“ пренесува дека Венгер понудил 40 милиони евра за играчот за врска на Монако, Томас Лемар. Арсенал и порано покажуваше интерес за играчот, но не сакаа да понудат повеќе од 30 милиони евра.

Лемар има само 21 година, одигра фантастична сезона во Монако и се чини дека ќе биде идеално засилување за средниот ред на Арсенал.

Исто така медиумите тврадат дека Венгер ќе направи се за да го донесе и Ријад Марез од Лестер, па конечно да направи тим со кој ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…