Легендарниот македонски фудбалер, Горан Пандев денес беше гостин на својот поранешен клуб Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пандев беше со овации пречекан од навивачите на „Џузепе Меаца“ пред дербито помеѓу Интер и Лацио.
Пандев беше специјален гостин и доби подарок од клубот, како дел од генерацијата која ја освои тројната круна.
„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.
LEGEND: Goran Pandev 🇲🇰#InterLazio @Inter_en pic.twitter.com/ocbcRQGwru
— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 30, 2023