Дома Фудбал Италија Џампаоло залутал: Милан е шести најслаб тим во топ 5 првенства!

Џампаоло залутал: Милан е шести најслаб тим во топ 5 првенства!

Милан вчера запиша пораз во Серија А и тоа беше трет за „росонерите“ во петтото коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џампаоло има катастрофален старт со Милан и италијанскиот гигант кој се обидува да се врати на славните патеки во пет натпревари има само три постигнати гол и пет примени.

Резултатите се катастрофални, а играта е уште полоша. Статистичарите пресметаа дека Милан верувале или не е шестиот најслаб тим во најсилните пет првенства.

Статистиката на Милан изгледа како на некој тим кој има амбиции само да опстане во лигата и изгледа во таборот на славниот клуб нешто брзо мора да се менува.

Милан постигна само три гола и според тоа се 93-ти во топ 5 првенства, по натпревар имаат 2.6 удари кон противничкиот гол и тука исто така се 93-ти од вкупно 98 екипи од Англија, Италија, Шпанија, Франција и Германија.

Покрај тоа Милан го има најлошиот старт уште од 1942, значи цели 77 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…