Дома Фудбал Италија Ќе игра ли Дибала во дербито против Јувентус?

Ќе игра ли Дибала во дербито против Јувентус?

Фудбалерот на Рома, Паоло Дибала би можел да го пропушти претстојното дерби против Јувентус во рамките од 18-тото коло во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома во Торино гостува во сабота од 20:45 часот. Дибала се повреди на 10-ти декември против Фиорентина, а ги пропушти средбите против Шериф, Болоња и Наполи.

Очекуваа во Рома Дибала да биде спремен за натпреварот против поранешниот клуб, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи.

Во досегашниот дел од сезоната Дибала одигра 11 натпревари и постигна четири гола. По 17 одиграни кола Рома е шеста на табелата со 28 бодови, додека Јувентус е на второто место со 40 бодови.

Ќе потсетиме, Дибала летото 2022 година пристигна во Рома од Јувентус и за „старата дама“ од 2015 година собра 210 настапи и постигна 82 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голман на Пелистер се пресели во Струга

Македонскиот прволигаш Струга продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име в…