Зад нас е возбудлива вечер во НБА лигата во која беа одиграни девет натпревари, а неколку од нив привлекуваа посебно внимание.
Интересен беше дуелот помеѓу Никола Јокиќ и Јанис Антетокунпо, а истиот на крајот му припадна на грчкиот кошаркар со оглед на тоа дека Милвоки славеше против Денвер со 104:98.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Антетоукунпо натпреварот го заврши со 29 поени, 12 скокови и шест асистенции, додека Никола Јокиќ на другата страна уфрли 20 поени и запиша по пет асистенции и скокови.
Њу Орлеанс во атрактивен меч славеа против Сан Антонио на домашен терен со 140:126, а одличен натпревар одигра Рендл кој оствари трипл-дабл со учинок од 21 поен, 10 асистенции и 14 скокови. Поефикасни од него беа Дејвис со 29 поени и Мур со 24.
Уште еден добар настап за Далас одигра Лука Дончиќ кој уфрли 15 поени и запиша 10 скокови во поразот на Далас од Мемфис со 98:88. Најефикасен во натпреварот беше Конли со 28 поени, додека кај Далас најефикасен беш Смит со 19.
Сакраменто на домашен терен славеше против Оклахома со одлични настапи на Расел Вестбрук и Пол Џорџ. Вестбрук имаше 29 поени и 13 скокови, додека Пол додаде 27 поени и девет скокови, но на крајот сепак славеа со 117:113.
Останати резултати:
Шарлот – Бостон 117:112
Детроит – Кливленд 113:102
Индијана – Кливленд 121:94
Филаделфија – Феникс 119:114