Дома Фудбал Англија Јунајтед пресече и се предомисли во последен момент, па ја повлече жалбата

Јунајтед пресече и се предомисли во последен момент, па ја повлече жалбата

Манчестер Јунајтед ја повлече денес жалбата поднесена поради казната на Фил Џонс, што значи дека фудбалерот на „Ѓаволите“ ќе го пропушти престојниот меч од ЛШ против Базел.

Европската фудбалска унија го санкционираше Фил Џонс со два натпревари неиграње бидејќи во текот на финалето од ЛЕ вербално го нападна службеникот за борба против допингот. Џонс е казнет и парично со 5.000 евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џонс веќе го одработи едниот меч суспензија, против Реал Мадрид во рамки на Суперкупот.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Базел во првото коло од Групата А ќе биде одигран на 12. септември на „Олд Трафорд“. Во таа група се уште и ЦСКА Москва и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…