Дома Фудбал Јунајтед назначи привремен тренер и му се заблагодари на Солскјер

Јунајтед назначи привремен тренер и му се заблагодари на Солскјер

Манчестер Јунајтед денес му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер после серијата на лоши резултати.

„Црвените ѓаволи“ му се заблагодија на норвешкиот тренер, кој воедно е и легенда на клубот и поставија привремен тренер.

„Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед и со жалење дојдовме до оваа тешка одлука. Иако последниве неколку недели беа разочарувачки, тие не треба да ја засенат одличната работа што тој ја направи изминатите три години во клубот“, соопштија од клубот.

Манчестер јунајтед потврди дека во наредните натпревари тимот ќе го води Мајкл Карик до назначувањето на нов тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…