Дома Топ вести Јувентус и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Ајнтрахт

Јувентус и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Ајнтрахт

Јувентус и Арсенал се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

22-годишниот Ндика минатата игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Арсенал и Јувентус и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.

Двата клуба веќе преговараат со неговиот агент и сакаат да го доведат Французинот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…