Дома Фудбал Италија Јувентус спреми нови договори за две ѕвезди

Јувентус спреми нови договори за две ѕвезди

Раководството на Јувентус спрема нови договори за неколку свои фудбалери, пренесуваат италијанските медиуми.

Први на менито ќе бидат Блас Матуиди и Хаун Квадрадо чии договори истекуваат на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што и двајцата беа ставени на трансфер листа ова лето, но останаа во клубот и се наметнаа во тимот на Маурицио Сари.

Во договорот на Матуиди има клаузула според која клубот може автоматски да му го продолжи договорот на уште една година, а двете страни дале „зелено светло“ за таа опција.

Од друга страна пак Квадрадо е ценет кај Сари бидејќи е поливалентен и може да игра на повеќе позиции. Па поради тоа раководството ќе му понуди договор на 1+1 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германскиот гигант по 14 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите

Со синоќешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на …